📷 ОД ПЕРСИЈА ДО ЛОС АНЏЕЛЕС, СО КРЕНАТИ ГЛАВИ! Иранците оставија порака што го обиколи светот
Иранските фудбалери оставија емотивна порака по натпреварите во Лос Анџелес. Гестот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
Неколку реда напишани во соблекувалната во Лос Анџелес станаа една од најсподелуваните приказни од Светското првенство. Иранските фудбалери, кои поради ограничувањата мораат веднаш по натпреварите да ја напуштаат територијата на САД, зад себе оставиле порака за домаќините, навивачите и за својот народ.
И покрај специфичниот режим под кој настапуваат на Мундијалот, со база во мексиканска Тихуана и со постојани патувања по секој натпревар, Иранците решиле да се простат со зборови за достоинство, благодарност и мир.
Во пораката што ја оставиле во соблекувалната на стадионот во Лос Анџелес напишале:
Esto es de una DIGNIDAD IMPRESIONANTE.
El plantel de Irán ya se fue de Los Angeles pero dejó una carta:“Desde la Antigua Persia al Irán de hoy (…) vinimos a Los Angeles con orgullo, competimos con honor y nos vamos con dignidad”.
La lección que le están dando a EE.UU… pic.twitter.com/9d82ibnmcs— Periodistán (@periodistan_) June 22, 2026
„Од древна Персија пред неколку милениуми, па сè до современото време, духот на Иран остана жив, горд и непоколеблив. Во Лос Анџелес дојдовме со гордост, се боревме чесно, а заминуваме со кренати глави.
Му благодариме на Лос Анџелес за гостопримството. Исто така, му благодариме на секој Иранец кој во текот на овие 180 минути фудбал го остави своето срце, глас и душа за нашата земја.
Нека меѓу сите народи во светот владеат мир, почит и пријателство“.
Пораката брзо почна да се споделува на социјалните мрежи, каде многумина ја оценија како еден од највпечатливите гестови на шампионатот.