ЈАЧМЕНОТ ПОТФРЛИ ПОРАДИ СУШАТА Земјоделците бараат повисока откупна цена

Земјоделците велат дека годинава родот е послаб поради слабите пролетни дождови и сушата.

50

Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50% од површините веќе се ожнеани. Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејќи не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм. Тие проценуваат дека приносите на пченицата ќе бидат околу 2,5 тона по хектар, а на јачменот околу 3 тони.

-Жетвата е веќе во полн ек за јачменот, за скоро ќе започне и на пченицата. Јачменот веќе 50% е завршен. Цената на јачменот веќе има понудено од откупувачите и се движи од 9 до 10 денари. За пченицата се уште не знаеме, немаме никаков податок која ќе биде цената, сега за сега е тоа. Па производителите бараат да не биде под 16, затоа што под тоа ќе бидат во загуба, бидејќи тука Овче Поле, Штипско, Пробиштипско, ќе имаме мал принос да речеме на пченица, нема да биде повеќе од два и пол тона по хектар, а за јачменот три тона по хектар. И кога ќе направиме производна цена, излегува дека треба да е 19 денари производната цена или 18 – изјави Серафимов.






Земјоделците велат дека годинава родот е послаб поради слабите пролетни дождови и сушата. Серафимов додава дека земјоделците се надеваат оти во наредниот период состојбата ќе се подобри. Очекуваат откупувачите да излезат со повисоки цени, особено за пченицата која допрва ќе се жнее. 

Поврзани содржини