🎥 ОД МОДНИТЕ ПИСТИ ДО ГОВОР ВО ОКСФОРД Ирина Шајк зборуваше во домот на најголемите светски мислители и лидери
Со своето гостување во Oxford Union, Ирина Шајк се приклучи на листата славни личности кои низ годините говореле пред студентите, меѓу кои се и Мајкл Џексон, Шакира, Морган Фримен, Натали Портман и Ана Винтур.
Руската манекенка Ирина Шајк неодамна одржа говор пред студентите во престижниот Оксфорд Унион, една од најпознатите дебатни институции во светот. Нејзиното гостување предизвика големо внимание бидејќи ретко се случува модни ѕвезди да добијат можност да зборуваат во друштво на светски лидери, научници, уметници и општествени влијателни личности.
Оксфорд Унион, основан во 1823 година, има традиција да поканува личности кои оставиле значајна трага во политиката, науката, културата и јавниот живот. Меѓу неговите говорници низ историјата биле Алберт Анштајн и Стивен Хокинг, но и Мајкл Џексон, Шакира, Морган Фримен, Натали Портман и Ана Винтур, како и бројни државници, добитници на Нобелова награда и холивудски ѕвезди.
Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографии и видео од нејзиниот настап.
Поканата за учество во Оксфордската унија обично се упатува на личности кои имаат значително јавно влијание или интересна професионална приказна, без оглед на тоа дали доаѓаат од академската средина или од други области како медиуми, уметност или мода.
Настапот на Ирина Шајк, бил посветен на нејзиното професионално искуство и работата во глобалната модна индустрија, а студентите имале можност да ѝ поставуваат прашања и да дискутираат со неа.
Како што навела, за неа било посебно признание тоа што била поканета да зборува во рамки на Оксфордската унија, место кое низ историјата било дом на некои од највлијателните мислители, лидери и носители на промени.
– Каква неверојатна чест е што сум поканета да зборувам во Оксфордската унија, место кое било дом на некои од најголемите светски мислители, лидери и луѓе што носат промени. Благодарна сум на Оксфордската унија и на Универзитетот Оксфорд за можноста да го споделам моето животно патување. Многу сум благодарна за топлиот прием, промислените разговори и незаборавните моменти – напиша Шајк во својата објава.
View this post on Instagram
Таа објави и серија фотографии од Оксфорд, а на една од фотографиите, таа позира со книга на која стои натпис „угледни гости на Оксфордската унија“.
Под објавата, многу нејзини обожаватели ѝ упатија честитки и пофалби, истакнувајќи дека изгледа прекрасно и дека постигнала значаен успех.