ДАЛИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ ЌЕ БИДАТ РАЗОЧАРАНИ? Мицкоски се сомнева дека резултатите од овој столб ќе бидат добри

Една од идеите за реформа на пензискиот систем, која би го опфатила овој столб е идните пензионери прво целосно да ја искористат заштедата од вториот столб, а потоа, откако оваа сума ќе се исцрпи да преминат со пензиите во ПИОМ, со што државниот фонд ќе добие простор за стабилизација.

209

Прашањето дали Вториот пензиски столб ќе ги потврди очекувањата од неговото формирање, се почесто се поставува во јавноста откако се доближува периодот кога треба да бидат исплатени првите пензии. Свое мислење деновиве даде и премиерот Христијан Мицкоски  кој вели дека од денешна перспектива овој столб  не е сигурен дека ќе ги даде очекуваните резултати иако реформата била најавена како добра.

Според него, голем дел од корисниците можеби нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки. 






-Лично мислам дека голем дел од корисниците на вториот столб нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки. Мислам дека очекувањата кај корисниците се многу поголеми. Убеден сум дека тогаш кога е правена оваа реформа имале добри намери, но, за жал, мислам дека сега нема да ги даде очекуваните резултати кога оваа реформа е правена. Жалам што од денешна перспектива воопшто е влезено во правење на оваа реформа, имајќи предвид дека голем дел од европските земји и членки на Европската Унија имаат само еден столб… Не знам дали очекуваните резултати ќе се добијат. Да бидам попрецизен, сигурен сум дека намерата била добра, но од денешната перспектива загрижен сум дека голем дел од корисниците нема да бидат задоволни – изјави Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“.

Дел од идеите што се разгледуваат во најавите за реформи на пензискиот систем се дали идните пензионери прво целосно да  ја  искористат заштедата од вториот столб, а потоа, откако оваа сума ќе се исцрпи ќе преминат со пензиите во ПИОМ, со што државниот фонд ќе добил простор за стабилизација.

 

Поврзани содржини