🎥 ИЗЛЕЗЕ НА СЦЕНА СО ФУСТАН, СИ ОТИДЕ ВО БАЊАРКА Северина го подари фустанот на концертот во Цриквеница

Како што може да се види на црно-белата снимка, пејачката донесе спонтана одлука на средина од настапот која ги трогна сите присутни

1

Хрватската музичка ѕвезда Северина (54) им даде на своите обожаватели детален увид во незаборавната вечер на концертот во Цриквеница, на нејзиниот Инстаграм профил, а приказната кулминираше со неверојатен потег кој остави без здив една среќна девојка во публиката.

Преку серија фотографии и видеа, пејачката ја раскажа приказната за една вечер која, покрај одличната атмосфера, имаше и неочекуван пресврт.






Најважниот момент на вечерта, кој Северина го зачува за крајот на својата објава, се случи за време на самиот настап. Како што може да се види во црно-белото видео, пејачката донесе спонтана одлука на средина од настапот која ги трогна сите присутни. Се сврте кон публиката и одлучи да го подари својот фустан на обожавателката акоја стоеше во првиот ред.
Видеото ги прикажува шокот и неверицата на лицето на девојката додека пејачката ѝ го подава парчето облека. Приказната доби и епилог зад сцената, каде што Северина, облечена во бела бањарка со пешкир на главата, се фотографираше со среќната обожавателка и нејзиниот нов „сувенир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини