ШЕСТ МОМЧИЊА СКОКАЛЕ ОД КАРПА ВО МОРЕТО, ТРИ ЗАГИНАА Трагедија на шпанскиот брег
12-годишното момче починало на местото на настанот и покрај обидите да го реанимираат, а двајца 13-годишници биле однесени во болница, каде што починале и покрај укажаната помош, објавија регионалните служби за итни случаи.
Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската автономна заедница Каталонија, каде што беше подигнато жолто знаме за предупредување поради високите бранови, соопштија властите.
Несреќата се случила во петокот, кога група од шест момчиња скокнале во морето од карпите.
Тројца успеале да се вратат на брегот, а тројца ги извлекле спасувачите.
12-годишното момче починало на местото на настанот и покрај обидите да го реанимираат.
Двајца 13-годишници биле однесени во болница, каде што починале и покрај укажаната помош, објавија регионалните служби за итни случаи.
Премиерот на Каталонија, Салвадор Иља, на платформата Икс објави дека е „длабоко тажен“.
„Немам зборови во овој момент за толку голема болка. Сакам да им ја пренесам мојата топлина, љубов и поддршка на семејствата и пријателите на момчињата, како и на целиот спортски клуб Ла Флореста“, рече тој.
Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост.
– Не треба да се преземаат непотребни ризици. Во никој случај не треба да се скока од карпите – рече градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.