СКОКНАЛА ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ, ПО НАПАД ОД СОПРУГОТ Сакал да ја удри со стаклено шише, со сила ја враќал во автомобилот
33-годишен скопјанец на сопругата ѝ нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
Скопјанец ќе биде кривично гонет за насилство врз сопругата.
„Ќе биде поведена постапка против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. На 20 јуни, во возило ја влечел и се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената ѝ нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничениот да го напушти живеалиштето, обврска да се јавува во судот, привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување или воспоставување контакти или врски со оштетената и забрана за посетување на локациите каде таа се движи.