ПОЧИНА НОВИНАРКАТА БИЛЈАНА МАРТИНОСКА Беше успешна во мисијата за „културно описменување“

На 76 годишна возраст по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиноска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“.

471

Денеска на 76 годишна возраст по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиноска.

Мартиноска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија.






Веста за смртта на Билјана Мартиноска ја објави нејзината ќерка Ана.

Мартиноска остави неизбришлива трага во покривањето на темите од културата. Таа работеше во времето кога културните рубрики на весниците и на радиодифузерите имаа по најмалку 7-8 новинари, затоа што тоа беше еден од најважните елементи во борбата за идеи, културен напредок и за нови дострели што ја водеше македонското општество и во времето на поранешната федерација и потоа како независна држава. Билјана Мартиноска беше важен сегмент во мисијата за „културно описменување“.

Погребот ќе буде утре од 1о часот на гробиштата „Бутел“, а еден час претходно нејзиното тело ќе биде изложено во капелата

Поврзани содржини