ФИЛИПЧЕ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Власта сама ќе паднела кога ќе ѝ снемало пари

СДСМ нема да го предизвикува ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентрани избори и нема да му дава алиби на премиерот Христијан Мицкоски за можната намера да се оди на гласање, вели претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

237

СДСМ нема да го предизвикува ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени парламентрани избори и нема да му дава алиби на премиерот Христијан Мицкоски за можната намера да се оди на гласање, рече денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој рече дека изјавите на премиерот Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – дека вели дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е за редовни избори, но, ако бидат предизвикани, ќе има гласање пред рокот. Филипче го повтори ставот од пред неколку дена дека партијата нема да биде алиби за можните идни чекори на владејачкото мнозинство.






– И кажавме – избори ќе има кога ќе им снема пари, затоа што тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери, тогаш ќе одат на избори – рече Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Коментирајќи ја најавената реконструкција на владиниот кабинет, Филипче истакна дека граѓаните не треба да очекуваат никакви позитивни промени или економски мерки кои би го подобриле нивниот стандард:

– Ќе се заменат некои луѓе, ќе си ги заменат фотелјите и сè ќе биде исто – рече тој.

Денешната прес-конференција беше посветена на двете години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Знам и Вреди. Филипче оцени дека државата се наоѓа во економска стагнација, европска изолација и институционален распад, со речиси целосно неисполнување на ветувањата дадени пред граѓаните.

– Се изгубија две години во економски неуспех, во стагнација, во лажни ветувања, во национални понижувања, во влошени меѓуетнички односи, во влошување на односите со соседите, во време во кое младите само планираат како да се иселат од земјата. Деведесет отсто од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо – рече Филипче.

 

Додаде дека државата е изолирана, а европскиот пат целосно заглавен.

Поврзани содржини