ДО 1 ЈУЛИ ЌЕ НЕМА ВОЗОВИ ОД СКОПЈЕ ДО ВЕЛЕС, ГЕВГЕЛИЈА И ДО БИТОЛА Завршница на ремонтот на пругата за градскиот воз
Станува збор за патничките возови на релација Скопје-Гевгелија, Скопје-Битола, Скопје-Велес, Битола-Велес и обратно.
Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во Македонија и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и кон Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“.
„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот Градски воз, привремено, од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови“ соопшти Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура.
Станува збор за патничките возови на релација Скопје-Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија-Скопје 630 (04.30) и 632 (17.02); потоа на релација Скопје-Битола 641 (07.06) и 645 (20.05) и Битола-Скопје 640 (03.10) и 644 (18.22), на релација Битола-Велес 642 (12.46) и Велес-Битола 643 (15.25) и на релација Скопје-Велес 2083 (22.40) и Велес-Скопје 600 (05.00).