КОСТА К. ЗА 121 СЕКУНДА ГО ИЗВРШИЛ МАСАКРОТ Мајка му му испратила порака две минути пред убиствата

Пред дз излезе од дома убиецот Коста Кецмановиќ ги наредил двата пиштола, шаржерите и четирите молотови коктели на тепихот и ги фотографирал.

2,014

 

Вишиот суд во Белград вчера ги осуди родителите на момчето Коста Кецмановиќ кој изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, кога иби 9 деца и чуварот на училиштето – таткото Владимир е осуден на 14 години и 6 месеци затвор, а мајкатаМиљана на 2 години и 11 месеци затвор.






Во образложението на пресудата, претседателот на судечлиот совет Драган Мартиновиќ детаљно опиша како 13-годишниот ученик го изврши незапеметеното злосторство, нагласувајќи го високиот степен на подготовка и бруталност. Целиот масакар, од првиот испукан истрел, до моментот кога скокнал низ прозорец во пколскиот двор, траел само 2 минути и 1 секунда.

Според фактите утврдени од судот, ноќта пред злосторството Коста се вратил од етносело со пријател и мајката на пријателот, стигнал дома пред неговите родители и сестрата и останал сам во станот. Неговата мајка му се јавила на телефон една минута откако влегол.

Неколку минути подоцна, тој поставил столица пред плакарот каде што се чувало оружјето. Кога ја забележал камерата за надзор, се насмеал и мавнал кон неа, а потоа ја оневозможил, според неговото сопствено кажување, така што ја покрил со кошула. Утврдено е дека неговиот татко Владимир во тој момент користел апликација за следење на снимките од камерата во неговиот стан.

Коста од плакарот зел два пиштола со вкупно 92 куршуми, со намера, како што рекол, да ги употреби сите. Го криел оружјето во фиока од своето биро до утрото. Во текот на ноќта, околу 2 или 3 часот наутро, направил молотови коктели во бањата, кои исто така ги скрил во бирото. Планирал да ги фрли кон вратата од училницата, за да спречи некој да интервенира.

Во текот на ноќта и рано наутро пребарувал на интернет голем број загрижувачки термини. Меѓу нив биле „Министерство за одбрана на Украина“ и „мобилни телефони, тарифни пакети, интернет“.

Пребарувал и за „Србија воведува доживотни казни“, „може ли да се отвори брава за пиштол“, „комплекс на инфериорност“, „антисоцијално однесување кај децата“, „ревидиран портрет на психопат“, „антисоцијално растројство на личноста“, „веб-страница со чешки сериски број“, „ги сакам животните, дали сè уште можам да бидам психопат“, „зошто ужасните луѓе сè уште можат да ги сакаат животните“ и „разлика помеѓу психопатите и нормалните луѓе“.

Претходно ги пребарувал најпознатите стрелци во училиштата, информации за смртната казна во Србија, изјавата на мајката на еден од напаѓачите во „Колумбајн“, како и листи на американски училишта каде што се случиле пукања. На 8 март барал екстремен порнографски филм во врска со животно, како и инфорнации за пукањето во Колорадо од 1999 година, а во своето сведочење потврдил дека инспирација за она што го правел пронашол во тие стрелци.

Последниот пребарување пред убиствата е забележано околу 5:30 часот наутро, а околу 6:20 часот го проверил „Мојот дневник за основно образование“.

Иако требало да одат заедно на училиште околу 8 часот, Миљана Кецмановиќ го напуштила станот со својата ќерка, оставајќи го синот сам.

Тогаш Коста ги наредил двата пиштола, шаржерите и четирите молотови коктели на тепихот и ги фотографирал.

Во станот го наполнил пиштолот со „чешки сериски број“, по што го ставил оружјето, муницијата и коктелите во ранец. Во 8:31 часот, неговата мајка му пратила порака: „Дали стигна на час“?

Две минути подоцна, Коста влегол во училиштето.

На влезот застанал и разговарал неколку минути со обезбедувачот Драган, кој му ја отворил вратата. Потоа влегол во лобито со ранецот префрлен на градите. Во моментот кога обезбедувачот му го свртел грбот извадил пиштол и го испукал првиот куршум.

Во лобито Коста ги убил обезбедувачот Драган и ученичките Ана Божовиќ, Бојана Асовиќ и Софија Негиќ. Додека се движел низ лобито, ги сменил шаржерите и пукаше во момчето кое трчаше по ходникот, но го промаши. Потоа дошол до училницата по историја, каде што биле 23 ученици, еден наставник и еден студент на пракса.

Внатре тој испукал најмалку 45 куршуми, од кои 34 ги погодија жртвите. Тој изјавил дека пукал без посебен ред и дека ситуацијата никогаш не излегла од контрола. Потоа заминал низ прозорецот на училницата. Во училницата уби 6 ученици.

Во неговиот ранец, кој остана во училницата, беа пронајдени втор пиштол, шаржер од 10 куршуми, молотови коктели, резервна облека и училишен прибор.

Во училишниот двор, тој го фрлил пиштолот без куршум во цевката, подоцна велејќи дека го направил тоа за да се заштити. Седнал покрај едно дрво и гледал напред една минута, држејќи се за лицето. Потоа истрчал до другиот крај од дворот и ја повикал полицијата. Во повикот, рекол дека пукал, дека го зел пиштолот на татко му, дека ранил неколку луѓе, но дека не знае кои или колку.

Тој рекол дека го направил тоа затоа што бил „психопат“ и дека „само се чувствувал така“, не затоа што бил лут. Додал дека „морал да се смири“. Објаснил дека ја повикал полицијата затоа што мислел дека е правилно да се направи, но и затоа што се плашел дека некој може да го повреди или да го убие. Бил уапсен за време на разговор со диспечерот.

Вештачењето утврди дека од 66-те истрели што ги испукал погодил во жртвите со 75 проценти точност, а големата брзина на пукање предизвикала и грешки во чкрапалото.

Коста признал дека решил да го изврши злосторството и почнал да го планира две до три недели порано. Во тоа време направил список со имињата на децата и нацртал скица од училиштето, која ја чувал во фиока од своето биро.

По објавувањето на пресудата, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, објави дека обвинителството ќе се жали на должината на казните.

Анѓелко Аќимовиќ, таткото на убиената девојка Ангелина, изјави дека е многу задоволен од пресудата и го пофали судијата Драган Мартиновиќ, велејќи дека „мајсторски си ја завршил работата“.

14 ИПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВЛАДИМИР КЕЦМАНОВИЌ, 2 ГОДИНИ И 11 МЕСЕЦИ ЗА МИЉАНА Осудени родителите на детето убиец од училиштето „Рибникар“

Поврзани содржини