🎥 АНГЛИСКАТА ПРИНЦЕЗА ВО ФУСТАН НА СРПСКА ДИЗАЈНЕРКА Кејт го носи впечатливиот жолт фустан од Роксанда Илинчиќ веќе третпат

Како голема поддржувачка на одржливата мода, Кејт Мидлтон веќе го носеше овој фустан за време на неколку важни јавни настапи, вклучувајќи ја официјалната посета на Јамајка и финалето на Вимблдон пред неколку години.

526

По двегодишно отсуство од коњските трки на Ројал Аскот, Кејт Мидлтон се појави во впечатлив жолт фустан кој веднаш стана една од главните теми на настанот.

Принцезата пристигна во кочија со принцот Вилијам, додека кралот Чарлс и кралицата Камила беа пред нив.






Нејзиното присуство предизвика воодушевување кај публиката, особено затоа што таа не можеше да присуствува на настанот минатата година поради нејзиното закрепнување и лекување.

За оваа пригода, Кејт избра елегантна креација во интензивна жолта нијанса, дизајнирана од дизајнерката Роксанда Илинчиќ. Не е тајна дека принцезата од Велс има посебни симпатии кон креациите на српската креаторка. Досега имавме можност да ја видиме во нејзини креации неколку пати, особено во овој жолт фустан кој, како голема поддржувачка на одржливата мода, веќе го носеше овој фустан за време на неколку важни јавни настапи, вклучувајќи ја официјалната посета на Јамајка и финалето на Вимблдон пред неколку години.

Модните критичари и овојпат беа пријатно изненадени од нејзиниот избор на модна комбинација. Жолтиот фустан што го носеше совршено ја нагласуваше нејзината фигура, а исто така беше забележлив и минималистичкиот детаљ на левото рамо, односно, машната што ѝ даде на оваа еднобојна креација елегантна нота.

Очигледно е и дека принцот Вилијам го прилагодил својот изглед на сопругата, па на реверот носел жолти цвеќиња.

Поврзани содржини