🎥ШТО ГИ НАЛУТИ ТОЛКУ ЈАПОНЦИТЕ? Кратко видео со нивната премиерка на самитот Г7 стана вирално
Некои коментатори однесувањето на премиерката го оценија како „детинесто“ и „недостоинствено за шеф на државата“.
Јапонската премиерка Санае Такаичи се најде на удар на критики на домашната јавност, откако на социјалните мрежи се прошири видео снимка од неа како седнува на масата за состаноци за време на пауза, и додека ги чека другите лидери, лежерно си се врти на столчето.
Тоа предизвика коментари кај јапонските корисници, кои потегот го оценија како „детинест“ и „недостоинствен за премиерка“. На видеото се гледаат Џорџа Малони и Доналд Трамп во дискусија, па некои од коментаторите оценија дека нивната премиерка е „невидлива “ и „игнорирана“ од останатите лидери.
Според некои коментари, видеото покажува дека премиерката нема дипломатски способности за да ги искористи паузите меѓу состаноците за воспоставување поблизок однос со светските лидери. Се чини како таа да се досадува, а всушност таквите неформални комуникации во дипломатијата можат да бидат многу корисни.
Познато е дека лежерноста и опуштеноста не се вреднуваат многу во јапонската култура, која повеќе почитува формалност, воздржаност и самоконтрола.
View this post on Instagram