ЧЕТИРИЦИКЛ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВО Тешко повредена 25-годишна двојка и две сопатнички
Четирицикл излетал од локалниот пат меѓу селата Вејце и Селце, а во несреќата тешко е повредена 25-годишната возачка, додека две девојки се здобиле со телесни повреди.
Дваесет и петгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди, а две нејзини сопатнички биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу тетовските села Вејце и Селце.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 17 јуни околу 13 часот, кога четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од селото Селце, излетал надвор од коловозот.
Во незгодата, возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и В.Т. (20), исто така од Селце, се здобиле со телесни повреди.
На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, каде што биле констатирани повредите.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за излетувањето на четирициклот се утврдуваат.