ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ПРИ ПАД ОД КОЊ Момчето итно префрлено на „Мајка Тереза“

Тинејџер од село Почивало итно префрлен на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје по тежок пад при јавање коњ.

99

17-годишно момче од селото Почивало, општина Карбинци, е тешко повредено откако паднало од коњ, информираат од СВР Штип.

Случајот бил пријавен на 15 јуни 2026 година во 11:30 часот во СВР Штип од Клиничката болница во Штип, каде што младиот пациент бил донесен со сериозни повреди.






Според информациите, тинејџерот се повредил при јавање коњ, по што веднаш бил згрижен и префрлен за понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, поради сериозноста на повредите.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип.

Поврзани содржини