ТУНИС СЕ ПРЕДОМИСЛИ, ПОВЛЕЧЕН ОТКАЗОТ Селекторот Сабри Ламуши доби нова шанса

Иако медиумите објавија дека е разрешен по убедливиот пораз од Шведска, Сабри Ламуши утрово го водеше тренингот на репрезентацијата и ќе остане на клупата на Тунис.

43

Селекторот на Тунис, Сабри Ламуши сепак ќе остане на функцијата, иако во текот на вчерашниот ден тој доби отказ од тамошната фудбалска федерација. Утрово се појавија информации за повлекување на одлуката за отпуштање на Ламуши, по што францускиот стручњак треба да продолжи да ја води репрезентацијата на Светското првенство 2026.

Тунис во првото коло на Мундијалот претрпе тежок пораз (1:5) од Шведска.






Се шпекулираше и со потенцијална замена на Ламуши во ликот на искусниот Ерв Ренар.

Во меѓувреме, Ламуши нормално го водеше тренингот на репрезентацијата и го подготвува тимот за следните предизвици на Светското првенство.

Во второто коло, Тунис го очекува дуел против Јапонија, додека во последниот натпревар од групната фаза ќе играат против Холандија.

„ЛЕТНА“ ПРВАТА ГЛАВА НА МУДИЈАЛОТ УШТЕ ВО ПРВО КОЛО Тунис го отпушти селекторот Ламуши по катастрофата со Шведска

Поврзани содржини