ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ По утринското сонце следат локални бури

Метеоролозите најавуваат променливо облачно и топло време со сончеви периоди, но попладне се очекуваат локални нестабилности со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

180

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследен со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






Минималните утрински температури ќе се движат од 9 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 степени во Маврово до 34 степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 32 степени.

Во среда се очекува слична временска состојба – променливо облачно и топло со сончеви периоди, со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа и поинтензивни процеси со обилен дожд и можност за град.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а максималните од 27 до 33 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во четврток ќе се задржи променливо облачно и топло време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Попладне наместа се очекуваат краткотраен пороен дожд и грмежи.

Температурите ќе се движат од 10 до 19 степени минимални и од 27 до 34 степени максимални.

Поврзани содржини