20-ГОДИШНИК СЕ УДАВИ КАЈ „МАШКА ПЛАЖА“ Трагедија во Струга, трупот бил најден во езерото
Телото било забележано во водите на Охридското Езеро, а лекарите не констатирале траги на насилство. Се спроведува истрага за околностите.
Безживотно тело на 20-годишно момче попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај „Машка плажа“, информираат од полицијата.
Според соопштението од СВР Охрид, случајот бил пријавен по забележување на тело во езерото, по што веднаш интервенирале надлежните служби.
Лекар од болницата на лице место констатирал смрт, при што не се утврдени траги на насилство.
По преземените проверки, идентификувано е дека станува збор за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси.
На местото на настанот излегол и дежурен јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција со цел да се утврдат точните околности на смртта.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.