МНР ГО ОСУДИ ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА Се бара брза и транспарентна истрага за запалените возила

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија побара брза и ефикасна истрага по опожарувањето на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

263

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осуди денешниот инцидент во кој биле опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи дека станува збор за сериозен и неприфатлив чин.

Од Министерството информираа дека Министерството за внатрешни работи веќе презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.






„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот“, се наведува во соопштението.

Надлежните институции засега не соопштуваат дополнителни детали за случајот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и истражните дејствија.

Поврзани содржини