ЈА БРАНЕЛА МАЈКА СИ ОД СОПСТВЕНИОТ ТАТКО Четири лица приведени по седум пријави за семејно насилство

Полицијата соопшти дека интервенирала во седум одделни случаи на семејно насилство во различни градови низ државата. Во четири случаи осомничените биле лишени од слобода поради закани, физички напади и долгогодишно малтретирање.

135

Четири лица биле приведени, а уште неколку случаи се предмет на постапка по седум пријави за семејно насилство регистрирани во текот на последното деноноќие.

Најдраматичниот случај бил пријавен во Гостивар, каде што 44-годишен маж по кратка расправија се заканувал на својата сопруга и се обидел физички да ја нападне.






Според пријавата, нападот бил спречен од нивната малолетна ќерка.

Полицијата го лишила од слобода осомничениот, а според пријавеното, тој подолг период психички ја малтретирал сопругата.

Во Скопје бил приведен 43-годишник кој во семејниот дом во Гази Баба физички ја нападнал својата 21-годишна ќерка, а притоа им упатувал закани и на неа и на нејзиниот партнер.

Во Македонска Каменица бил приведен 45-годишен маж од Виница по пријава дека подолг временски период психички и физички ги малтретирал својот брат и татко, а им упатувал и закани.

Во Кочани, пак, бил приведен 55-годишник откако сопругата пријавила дека со години била изложена на психичко малтретирање и закани.

Полицијата постапувала и по други пријави во Охрид, Скопје и во гостиварско село, каде што биле пријавени закани и агресивно однесување меѓу членови на семејства.

По целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци и пријави.

Поврзани содржини