ВЛАДАТА СЕ БОРИ ЗА ФАБРИКА ПОВЕЌЕ СО ДОБРО ПЛАТЕНИ МЕСТА На форумот во Истанбул беа понудени знаење и искуство

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, потенцираше дека евтина работна сила за потенцијалните инвеститори е стереотип од минатото и дека Владата нуди работници и човечки потенцијал кој придонесува за БДП и за бизнисите. 

29

Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во  во изминатите два дена  беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија.

Мицкоски, на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, потенцираше дека евтина работна сила за потенцијалните инвеститори е стереотип од минатото и дека Владата нуди работници и човечки потенцијал кој придонесува за БДП и за бизнисите.






– Можеме да им понудиме истото тоа што го нудиме секаде. Да се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува, која ќе го зголеми нашиот БДП, добро платени работни места. Ние можеме да понудиме квалификувана работна сила, луѓе кои имаат знаење, имаат искуство, нема да одиме и одиме веќе со  пораката евтина работна сила бидејќи тоа  е стереотип од минатото, бидејќи не нудиме евтина работна сила туку нудиме работници и човечки потренцијал кој знае и умее и знае заеднички да помогне да растат и БДП и бизнисот на тие кои ќе инвестираат – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на дом за стари лица во Илинден.

Поврзани содржини