НАПАДНАЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО ДВОР ОД КУЌА Скопјанец уапсен кратко по пријавата

Полицијата привела 31-годишен жител на Скопје откако бил пријавен дека физички нападнал двегодишно дете. Засега нема детали за околностите под кои се случил инцидентот.

251

Скопската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички нападнал двегодишно дете во двор од семејна куќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 13 јуни околу 19 часот.






„На 13.06.2026 во 19:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава затоа што околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете“, соопшти МВР.

Засега не се објавени повеќе информации за состојбата на детето, ниту за мотивите и околностите под кои дошло до инцидентот.

Поврзани содржини