Ѝ ДОЛЖАТ 13 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ НА ДРЖАВАТА На црниот список на УЈП се над 5.000 должници

Управата за јавни приходи објави нова листа со 1.941 компанија и 3.117 физички лица кои не ги подмириле даночните обврски. Долговите се доспеани заклучно со 28 февруари, а останале неплатени до крајот на мај.

665

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на даночни должници, на која се наоѓаат вкупно 5.058 физички и правни лица со неплатени обврски кон државата.

Речиси 13 милијарди денари долг






Според податоците на УЈП, на листата се евидентирани 1.941 компанија и други правни лица, како и 3.117 физички лица.

Во споредба со претходната листа, бројот на правни лица е намален за 13, додека бројот на физички лица е зголемен за 53.

Вкупниот нето-долг на сите должници достигнува речиси 12,9 милијарди денари. Најголемиот дел се однесува на неплатени даноци и придонеси, а остатокот на царински давачки.

ДДВ, придонеси и персонален данок

На листата се најдоа физички лица и самостојни вршители на дејност со долг над 120.000 денари, како и правни лица со обврски повисоки од 300.000 денари.

Објавените долгови опфаќаат ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително социјално осигурување, како и акцизни и царински обврски.

УЈП информира дека листата е јавно достапна и може да се провери преку официјалните канали на институцијата.

Поврзани содржини