📷 ГРИН МАШИНС ЌЕ ГО ПРИДРУЖУВА ИЏЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАТЕКИ Брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

Свиперите, односно специјализираните возила за урбана хигиена што ги произведува БРАКО се препознатливи на светскиот пазар, а преку ова партнерство, брендот ќе биде присутен и на европските тркачки патеки, каде што Иџе со години успешно ги брани боите на Македонија и остварува врвни резултати во конкуренција на најдобрите европски автомобилисти.

57

Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе го носат логото на македонскиот бренд на европските патеки.

„За нас претставува чест да бидеме дел од приказната на Игор Стефановски – Иџе. Станува збор за спортист кој со своите резултати, професионален однос и упорност со години е еден од најдобрите промотори на Македонија во странство. Во исто време, Грин Машинс преку своите електрични и водородни свипери е присутен на речиси сите континенти. Веруваме дека ваквите успешни македонски приказни заслужуваат меѓусебна поддршка и заедничка промоција на нашата земја на меѓународната сцена“, велат од Грин Машинс.






Свиперите, односно специјализираните возила за урбана хигиена што ги произведува БРАКО се препознатливи на светскиот пазар, а преку ова партнерство, брендот ќе биде присутен и на европските тркачки патеки, каде што Иџе со години успешно ги брани боите на Македонија и остварува врвни резултати во конкуренција на најдобрите европски автомобилисти.

Соработката претставува симболично поврзување на две успешни македонски приказни – едната од производствените капацитети на БРАКО, а другата од европските тркачки патеки – кои преку своите достигнувања придонесуваат за афирмација на Македонија надвор од нејзините граници.

Фото: Феро Инвест БРАКО📷 

 

Поврзани содржини