БОМБА ОД БЕЛАТА КУЌА Трамп откри детали за договорот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави потпишување договор за конфликтот со Иран и повторно отворање на Ормускиот Теснец, додека деталите за спроведувањето остануваат нејасни.

859

Договорот е закажан да биде потпишан утре како дел од напорите за завршување на конфликтот со Иран, по што Ормускиот Теснец треба повторно да биде отворена, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“, пренесе ДПА.

„Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување Ормускиот Теснец ќе биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ“, напиша Трамп.






Во објавата тој наведе дека односите со Иран „се многу поинакви и подобри од претходните администрации“, додавајќи споредби со поранешната политика на Обама и финансиски трансфери кои, како што тврди, биле извршени во минатото.

Трамп исто така порача дека, „во соодветно време кога ќе има мир“, САД ќе преземат акција против нуклеарната програма на Иран, наведувајќи дека ќе биде „уништена и разбиена“, без разлика каде се наоѓа.

Тој додаде дека очекува процесот да се одвива „брзо, лесно и непречено“, но предупреди дека доколку тоа не се случи, постои „крајна алтернатива“, без да даде дополнителни детали.

Ормускиот Теснец претставува клучен морски премин кој го поврзува Персискиот Залив со Арапското Море и низ кој поминува значаен дел од светската трговија со нафта.

Според претходни информации, медијаторот Пакистан соопштил дека договорот треба да биде потпишан во најскоро време, пренесува ДПА.

Поврзани содржини