МАЛОЛЕТНИЦИ ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, ЕДЕН ПИЈАН ЗАД ВОЛАН Девет возачи лишени од слобода низ целата држава

Полицијата низ целата држава приведе девет возачи, меѓу кои малолетници и едно лице под дејство на алкохол, поради управување возило без возачка дозвола.

66

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишија од слобода девет возачи кои управувале возила без возачка дозвола.

Меѓу приведените има и двајца малолетници, како и едно лице кое управувало возило под дејство на алкохол.






Како што информираат од МВР, по две лица се приведени во Скопје и Прилеп, а по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник).

Во еден од случаите во Кратово, возачот претходно учествувал во сообраќајна незгода, додека едно од лицата во Прилеп, освен што возело без дозвола, било и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возила без положен возачки испит, ниту под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини