НОТАРИТЕ НАЈЧЕСТО „ЗАБОРАВААТ“ ДЕКА ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ИЗЈАВИ ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА Антикорупциска днесе 69 решенија за непополнети анкетни листови и судир на интереси

Најголемиот дел од одлуките на ДКСК се однесуваат на советници, градоначалници, директори на училишта, градинки, комунални претпријатија, декани на факултети, како и за пратеници, за кои, по анонимни пријави, но и по сопствена иницијатива на ДКСК, се оформени предмети за неподнесување на анкетен лист за имотната состојба.

126

Членовите на Државната комисија за спречување на корупција на денешната 33 седница донесоа вкупно 69 одлуки, од кои најголемиот дел се за советници, градоначалници, директори на училишта, градинки, комунални претпријатија, декани на факултети но и пратеници кои по анонимни пријави, но и по сопствена иницијатива на ДКСК се оформени предмети за неподнесување на анкетен лист за имотната состојба. За дел од предметите е утврдено дека лицата кои вршат јавни функции не поднеле изјави, со што доставени им се прекршочни платни налози, а по плаќањето на глобата и поднесувањето на изјавите, предметите се затвораат.

Софија Спасова Медарска, член на ДКСК, побара од страна на ДКСК да се достави допис до Нотарската комора и до Министерството за правда дека сите нотари треба да достават изјави за имотната состојба. Овој заклучок беше донесен по пријавата од непознат подносител во општина Куманово, според која 14 нотари не ја исполниле оваа законска обврска. Но, по проверката на податоците од 14 нотари само двајца ја исполниле својата законска обврска.






За дописот за службено лице во Национален парк, кое било и претседател и на Здружение, а во службените простории организирал настан поврзан со здружението и користел службено возило за приватни цели, членовите на ДКСК констаираа дека за ова лице веќе се водат постапки од други надлежни институции.

Членовите на ДКСК го разгледуваа и предметот за судир на интереси кај ректор и еден проректор на универзитет. Во пријавата се наведува дека е можно вклучување како партнер во меѓународен проект на институт кој е во сопственост на ректорот на универзитетот и вклучување како стратешки партнер на конференции на Институтот за истражување и јадрански студии, кој е во сопственост на проректорот. Станува збор за  меѓународен проект на кој се јавиле и универзитетот и приватен институт, во кој еден од сопствениците се јавува и ректорот на универзитетот.

 

– Чекори кои се преземени од страна на универзитетот, а кои се однесуваат на споменатиот проект дадена е согласност на проектна документација и назначување на контакт лице на меѓународниот проект „Дронови за регионална оптимизација и иновации во јадранско-јонската област“, со оваа седница претседавал ректорот. Дадена е согласност за кофинансирање со 15% за наведениот проект, исто така со оваа седница претседавал ректорот. Донесена е одлука за давање согласност на проектна апликација и назначување контакт лице, оваа одлука е потпишана од страна на ректорот на универзитетот. Донесена е одлука за давање согласност за кофинансирање, исто така оваа одлука е потпишана од страна на ректорот. Со потпишување на овие акти, а кои со однесуваат на проект „Дронови за регионална оптимизација и иновации во јадранско-јонската област 2“, во кој проект како еден од партнерите се јавува и Гаус Институт, кој, чиј сопственик видно од тековната состојба на субјектот е и ректорот на универзитетот, ова лице се нашло во состојба на судир на интереси, а што согласно член 2 став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес, што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Именуваниот, иако знаел дека постојат околности што укажуваат на постоење на судир на интереси, се нема иземено и нема запрено со своето постапување-реферираше член на ДКСК.

Од ДКСК наведуваат и дека  според констатираната фактичка состојба која произлезе од пријавената документација, службеното лице има сторено прекршок од член 75 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а казна по член 107 став 1 алинеја 2 од истиот закон.

-ДКСК согласно своите надлежности за констатираниот прекршок состави записник за констатиран прекршок, издаде прекршочен налог, го издаде на лицето, од страна на лицето е доставен доказ до ДКСК за уплата на пропишаната глоба за извршениот прекршок. За сторената повреда ДКСК не може да покрене иницијатива за утврдување одговорност на службеното лице бидејќи тоа е од прекршочна, не може да покрене иницијатива согласно член 72 став 4 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, бидејќи на лицето согласно член 107 став 5 од Закон за спречување на корупција му е изречена мерка за сторениот прекршок-вели член на ДКСК.

Што се однесува за  наводите за судир на интереси кај проректорот, ДКСК не може да утврди повреда на член 75 за Закон за спречување на корупција и судир на интереси. Согласно сите исцрпени  можности за постапување согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси се запре оваа постапка од страна на ДКСК.

На денешната седница се разгледуваа и предмети во кои граѓани имаат пишувано за можна корупција и во приватни фирми, како и за државни институции без да наведат конкретни докази. Ваквите предмети беа затворени, бидејќи ДКСК не е надлежна да постапува по ваквите предмети

Поврзани содржини