ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ЕФИКАСНОСТА КЛУЧНИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Реформите претставени на претставници на СИГМА
Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата, подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и дигитализацијата на процесите.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација.
Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и дигитализацијата на процесите, како и подготовката на нови методолошки и регулаторни решенија согласно Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и препораките на СИГМА.
Дополнително, се разговараше за потребата од понатамошна експертска и координативна поддршка во процесот на имплементација на препораките на СИГМА, подготовката на новиот Акциски план 2027–2030, како и за продолжување на активностите поврзани со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), преку инклузивен и транспарентен консултативен процес.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување на суштински и одржливи реформи кои ќе придонесат кон поефикасна, покоординирана и професионална јавна администрација, усогласена со европските стандарди и потребите на граѓаните и институциите.