ДО 1 ЈУНИ ЌЕ ВАЖАТ НАМАЛЕНИТЕ АКЦИЗИ И ДДВ ЗА ГОРИВАТА Владата го продолжи рокот на важност на мерките

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оцени дека владата обезбедува стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните.

46

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил.

„Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси“, напиша Димитриека Кочоска на ФБ.






Како Влада и Министерство за финансии, посочи, обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните.

Претходната одлука на Владата за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува во понеделник на 18 мај. Со продолжувањето на рокот и во наредните две недели горивата ќе се продаваат по пониски цени. Воедно во понеделник истекува и рокот на попустот што го два најголемиот увозник на нафтени деривати во земјава ОКТА. ОКТА на најголем дел од бензинските станици во земјава им два попуст од 3 денари за продаден литар дизел гориво и од 2 денара за бензините.

Поврзани содржини