СЕ СУДРИЈА ДВА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТА Малолетник потешко повреден
Несреќата се случила на велосипедска патека на кејот на реката Вардар во Скопје.
На 15.05.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.