ПРЕГАЗИЛ ДВЕ ДЕВОЈКИ НА УЛИЦА РАДИШАНСКА И ПОБЕГНАЛ Една од девојките е тешко повредена

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

0

Во петокот во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Радишанска во  Скопје, патничко возило „фиат пунто“  удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини