ТРГОВЦИ, УГОСТИТЕЛИ И ДРУГИ СУБЈЕКТИ СÈ УШТЕ НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ Од почетокот на годината изречени се 242 глоби

Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде што бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година. Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од 2 години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

107

Во изминатите четири месеци даночните инспектори извршиле  вкупно 960 теренски контроли за фискализација при што кај повеќе од  40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности во примената на  Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП). 30% отпаѓаат на неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса.

Со контролите биле опфатени 434 угостителски објекти, 318 трговски објекти, 201 услужен објект и кај 7 приредувачи на игри на среќа. Основа на контролите била пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.






Кај 395 субјекти се констатирани неправилности при регистрирање на готовинското плаќање за што на субјектот и неговиот раководител им се изречени глоби.

Од УЈП велат дека најчеста неправилност и во овие контроли е неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ.

Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде што бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година.

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од 2 години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

Од УЈП, велат дека загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП.

-Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42% – велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека граѓаните годинава поднесуваат повеќе пријави за незидавање фискални сметки.

–  Во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани, што е зголемување за 36% во однос на минатогодишниот број на пријави. Граѓаните можат директно да пријавуваат неправилности и преку апликацијата МојДДВ – велат од УЈП.

Поврзани содржини