УЧЕНИКОТ ПРОБОДЕН ВО ЧЕНТО Е ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Врсник е уапсен по нападот
Директорот на Ургентен центар потврди дека 15-годишникот прободен со нож е опериран и дека лекарите се борат за неговиот живот.
Момчето прободено во основното училиште „25 мај“ во скопската населба Ченто е во критична состојба, изјави директорот на Ургентен центар, д-р Игор Мерџаноски, за весникот „Вечер“.
Тој потврдил дека 15-годишниот ученик бил опериран и дека лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата уапси врсник кој се сомничи за нападот.
„На 11.5.2026 во 14:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето“, соопштија од МВР.
УЧИЛИШТАТА КАКО БОЈНИ ПОЛИЊА Групни тепачки, напад со нож, тепачки меѓу ученици, меѓу ученички…