📽️ НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ, СОПРЕНИ ТРАМВАИ Бурата се движи кон Србија и Македонија

Силно невреме проследено со дожд, град и бурен ветер утрово го погоди Загреб, каде што беа прекинати дел од трамвајските линии и паднаа дрвја и покриви. Метеоролозите предупредуваат дека невремето попладне ќе стигне и во Србија.

171

Силно невреме утрово го погоди Загреб и предизвика хаос на улиците.

Бурниот ветер корнеше дрвја, креваше покриви и го прекина трамвајскиот сообраќај на повеќе локации низ градот.

Паднати дрвја и прекинат сообраќај

Во делови од Загреб паднале дрвја врз трамвајските линии, поради што бил прекинат сообраќајот на Савска и Максимирска.

Проблеми имало и поради паднат електричен кабел во Микулиќи. Граѓани објавија снимки од откорнати ќерамиди и оштетени покриви во населбата Шпанско.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zagreb.info (@zagreb.info)

 

Град ја обели Словенија

Невремето претходно погодило делови од Словенија. Околу Домжале паѓал силен град што целосно ги покрил посевите.

Во делови од северна Словенија бил забележан и снег.

Бурата оди кон Србија

Метеоролозите предупредуваат дека силниот фронт попладне ќе стигне и во Србија.

Се очекуваат силен ветер, пороен дожд, грмежи и локален град.

Во делови од Србија се прогнозираат налети на ветер до 120 километри на час.

Поврзани содржини