СИЕНА МИЛЕР ГО РОДИ ТРЕТОТО ДЕТЕ НА 44 ГОДИНИ Актерката и нејзиниот 16 години помлад сопруг имаат заедно и двегодишна ќерка
Сиена Милер е официјално мајка на три деца. Додека го промовираше својот претстоен филм, „Џек Рајан: Војна на духови“ на Том Кленси, актерката сподели дека неодамна го родила своето трето дете и второ со својот 16 години помлад партнер, Оли Грин.
Актерката Сиена Милер во своите 50-ти години го роди своето трето дете со својот партнер Оли Грин, кој е 16 години помлад од неа.
Таа ја откри веста за раѓањето во интервју за „E! News“ за време на промоцијата на филмот „Џек Рајан: Војна на духови“.
– Се случи. До мене е мало бебе. Чувствувам дека ми е тешко да составам нормална реченица во моментов. Спијам многу малку, но сум лудо заљубена во моето бебе – рекла таа.
Актерката претходно зборуваше за мајчинството и притисокот што жените го чувствуваат кога станува збор за возраста и родителството, нагласувајќи дека верува дека општеството честопати неправедно ги гледа жените кои одлучуваат да забременат во подоцнежните години.
За потсетување, британската актерка Милер е во врска со Грин од 2021 година. Двојката веќе има двегодишна ќерка, а Сиена има и 12-годишна ќерка, Марлоу, од претходната врска со актерот Том Стариџ.