📷 СРПСКИ ПЛАТЕН УБИЕЦ УАПСЕН ВО СКОПЈЕ Спремал убиство за криминална група?
Српски државјанин е уапсен во Скопско по размена на информации меѓу македонската и српската полиција. Истражителите се сомневаат дека 42-годишникот нелегално влегол во Македонија за да изврши ликвидација по налог на криминална група.
Маж од Србија е уапсен во Скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми повкувајќи се на српското МВР.
Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Осомничениот С. М. (1984) бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот полицијата пронашла
пиштол „CZ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и мала количина марихуана.


Кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице.
Според истрагата, осомничениот претходно нелегално ја преминал границата и влегол во Македонија.
Полицијата се сомнева дека тој бил испратен со конкретна задача. Оперативните информации покажуваат дека 42-годишникот е поврзан со организирана криминална група.
Истражителите веруваат дека во Скопје С.М. подготвувал ликвидација.
Во тек е идентификација на можната цел и лицата што му помагале за време на престојот во Македонија.