ОГРАНИЧЕНИ СЕ МАРЖИТЕ ЗА ВЕШТАЧКОТО ЃУБРИВО Пратеникот Здравковски смета дека со конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните

Според пратеникот, владата презема директни и индиректни мерки со кои придонесува да нема висок скок на цените на прехранбените производи.

42

Владата преку конкретните директни и индиректни мерки што ги презема го штити стандардот на граѓаните и не дозволува висок раст на цените, а инфлацијата од 4% е прифатлива во кризна состојба, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.

– Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според Организацијата за земјоделие (ФАО) дури и до 8% инфлација, е прифатливо во кризна состојба. Со мерките коишто беа директно за нафтата, со акцизите и со ДДВ-то, немаме енормен скок на цените, затоа што најголемиот инпут во одредувањето на цената се енергенсите. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни – изјави Здравковски во емисијата Анализа на ТВ 24.

За стабилизација на цените на земјоделските производи, според него, придонесува мерката за намалување на маржите за ѓубривата.

-Во делот на земјоделието ги ограничивме маржите за вештачкото ѓубриво. Имаме директни и индиректни мерки кои ќе дадат резултат и во иднина – рече Здравковски. 

Тој додаде дека и поддршката во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно.

–  Дополнително, сметам дека поддршката и во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно. Имаме конкретни мерки, за оваа година се предвидени нови 25 милиони – реле Здравковски. 

 

Поврзани содржини