ЌЕ ДОБИЕТЕ РАЗОРЕН ОДГОВОР НА СЕКОЈА АГРЕСИЈА, ЌЕ БИДЕТЕ ИЗНЕНАДЕНИ! Иран им се закани на САД и Израел
Вашата погрешна стратегија и погрешните одлуки ќе доведат до катастрофални резултати. Целиот свет веќе го сфати тоа – порача претседателот на иранскиот парламент.
Претседателот на иранскиот Парламент Мохамад Багер Калибаф изјави дека вооружените сили на Иран се подготвени да обезбедат разорен, заслужен одговор на секоја агресија, предупредувајќи ги непријателите дека погрешните стратегии ќе им донесат само катастрофални резултати.
„Нашите вооружени сили се подготвени да обезбедат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до катастрофални резултати. Целиот свет веќе го сфати тоа. Ние сме подготвени за сите опции, тие ќе бидат изненадени“, предупреди тој на Икс.
Калибаф рече дека иранските сили се „борбено подготвени“ и дека погрешните стратешки одлуки на противникот нема да доведат до успех, туку до сериозни последици.
Според неговите зборови, Иран останува посветен на политиката на стратешко трпение, но и на висок степен на воена подготвеност, во услови на зголемени тензии со САД и Израел.
Иран дополнително ја зајакна контролата во Ормуската Теснина, еден од клучните поморски патишта во светот за транспорт на нафта, што веќе имаше влијание врз глобалниот енергетски пазар, според Иран ТВ Прес.
Иранските власти тврдат дека Техеран не бара конфликт, но дека решително ќе го брани својот суверенитет доколку, како што тврдат, се пречекорат „црвените линии“.