НОВА ЕПОХА ЗА ЕДНАКВОСТ ЗА АЛБАНЦИТЕ Вреди се обедини, Ахмети не успеа со коалицијата НАИ

Додека обидите на опозиционерот Али Ахмети да обедини партии во коалицијата НАИ пропаднаа, на 9 мај 5 партии се обединија во ВРЕДИ, соопшти консолидираната ВРЕДИ. Според партијата, ова е нова епоха за еднаквоста на Албанците во Македонија.

209

Обединувањето на 5 партии во ВРЕДИ е историско достигнување и нова епоха за еднаквост за Албанците, соопшти партијата велејќи дека ја разбира паниката кај опозициската ДУИ.

„На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила“, соопшт ВРЕДИ.

Партијата вели дека  обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери.

Според ВРЕДИ, тоа е уште еден показател за внатрешната криза во блокот на ДУИ.

„Од една страна е ВРЕДИ, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Оваа спротивставеност меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците.

Централната точка на ВРЕДИ е Албанецот во Северна Македонија: достоинствен, еднаков и институционално силен. Нашата заложба е за реална застапеност во сите институции и еднаквост што ќе се чувствува во пракса, а не само на хартија.

ВРЕДИ ќе обезбеди правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на дневно-политички пазарења. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, правичната застапеност и еднаков пристап во секоја институција, со што ќе се гарантира праведен и функционален систем за сите“, соопшти консолидираната ВРЕДИ.

Поврзани содржини