ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА ГИ ПРОДОЛЖИ ПРЕДАВНИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ НА ЗАЕВ Ги брани бугарските позиции

„Филипче зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ.

0

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии – оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Филипче, уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев.

Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека Бугарија нема да отстапи од своите барања.

И покрај тоа, Филипче настапува како граѓаните да не се запознаени со овие позиции, па зборува за кохезија во општеството, обидувајќи се да манипулира со граѓаните за значењето на уставните измени. Сите го знаат ова. Само Филипче се однесува како граѓаните да не се запознаени и вели дека на македонскиот народ не му е јасно што значат уставни измени.

Од СДСМ забораваат дека се во опозиција и не нудат ништо што би можело да е во интерес на државата и граѓаните, се однесуваат како мала група која се надева само на враќање на власт по секоја цена. Филипче исто така веќе се замислува и си фантазира за премиерската фотелја.

СДСМ на чело со Венко Филипче се опозиција во Македонија, а според анкетите се четврта партија во државата и не се фактор кој во моментов одлучува. СДСМ е партија која секојдневно губи гласови поради нивните предавнички политики, кои и по Заев одлучија да ги продолжат, а Филипче ќе ја доведе партијата до исчезнување“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини