ИМ ТРОПАЛЕ ПО ВРАТИ ПА ЗАПАЛИЛЕ ПОЖАР ЗАД ЗГРАДАТА Инцидент вознемири станари во Центар
Две лица тропале по вратите на станарите во зграда на улицата „11 Октомври“, им ја земале поштата од сандачињата, а потоа предизвикале пожар во дворот зад зградата. Повредени нема.
Пожар избувнал зад станбена зграда на улицата 11 Октомври во Центар, откако две лица претходно ги вознемирувале станарите и им ја земале поштата.
Според пријавата во СВР Скопје, инцидентот се случил на 6 мај околу 06.40 часот. Двете лица оделе низ зградата и тропале по вратите на станарите. Од поштенските сандачиња ја земале и пристигнатата пошта.
Потоа бил предизвикан пожар во дворот зад зградата.
Повредени лица нема. Од пожарот биле опожарени дрвени предмети поставени пред и во влезот на зградата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.