НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА Девојката избегала низ прозорец со скршен мобилен, минувачи ѝ помогнале

Таткото на 17-годишната девојка пријавил дека нејзиното момче физички ја нападнало, ѝ се заканувало и ѝ го оштетило телефонот за да не повика полиција. Против 21-годишникот била поднесена кривична пријава на 14 октомври, три недели пред трагедијата.

60

Запалениот автомобил кај Богданци, во кој беше пронајдено тело открива и претходна пријава за насилство со вознемирувачки детали. Според новото соопштение на МВР, нејзиното 21-годишно момче физички ја нападнало и ѝ се заканувало со смрт, ѝ го оштетило телефонот за да не повика полиција, а таа успеала да избега низ прозорец и да добие помош од случајни минувачи.

Против момчето на 14 октомври била поднесена кривична пријава, само три недели пред трагедијата во која и тој беше пронајден мртов. МВР потврдува дека на 14 октомври против него била поднесена кривична пријава за „телесна повреда“.






Нејзиниот татко го пријавил насилството на 1 октомври, а момчето било приведено, се вели во соопштението на МВР.

„На 01.10.2026 во 01:30 часот од страна на Џ.К.(46) во Гевгелија е пријавено дека на 30.09.2026 околу 21:00 часот по претходна вербална расправија помеѓу неговата 17-годишна ќерка и В.Г.(21) кои биле во љубовна врска, во семејната куќа на В.Г. во Богданци, физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и ѝ биле упатувани закани по живот, доколку си замине од куќата, при што В.Г. ѝ го оштетил мобилниот телефон со цел да не може да повика полиција“, соопшти МВР.

Во полициското соопштение се опишува и како малолетничката побегнала.

„Во даден момент малолетничката успеала преку прозорецот да се оддалечи од куќата, при што ѝ била пружена помош од случајни минувачи кои повикале полиција и истата била пренесена во Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија.“

Два дена подоцна, на 3 ноември, кога кај местото „Ичева чешма“ во Богданци бил пронајден запален автомобил. Покрај возилото лежело безживотното тело на 21-годишниот В.Г., додека во неговата внатрешност било откриено уште едно, целосно опожарено тело.

Телата се предадени на обдукција, а се утврдуваат и околностите под кои избувнал пожарот.

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за трагедијата кај Богданци

 

Поврзани содржини