ДОАЃАAT ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР Петок носи врнежи, викендот променливо време

Метеоролозите најавуваат претежно облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси и невреме.

131

Времето во петок, 8 мај, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 21 степени.

Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и појава на грмежи. Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

 

Поврзани содржини