СТУДЕНТКА ОД ТУРЦИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО СТАН ВО ШТИП Вратата била блиндирана, пожарникарите влегле преку балкон

Државјанка на Турција била пронајдена почината во стан во Штип, потврди СВР-Штип. Телото е предадено на обдукција, а засега не е познато дали станува збор за насилна смрт.

338

Дваесетгодишна државјанка на Турција денеска била пронајдена почината во стан во Штип. Случајот го потврди СВР-Штип.

Од полицијата информираат дека пријавата била добиена во 14:48 часот. Според првичните информации, пожарникари интервенирале за да влезат во станот преку балкон, бидејќи вратата била блиндирана.

На местото излегла екипа на полицијата и Итната медицинска помош, која констатирала смрт.

Засега не може да се утврди дали станува збор за насилна смрт.

Телото на девојката е предадено на обдукција во Клиничката болница во Штип.

 

Поврзани содржини