КУЧЕ НАПАДНА МАЈКА И ЌЕРКА, КРИВИЧНА ЗА СОПСТВЕНИКОТ Го оставил без надзор
Во еден момент, животното нападнало жена и нејзината 13-годишна ќерка, при што тие се повредени и претрпеле силен стрес.
Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако неговото куче нападнало мајка и малолетно девојче.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 11 март 2026 година, кога сопственикот го оставил кучето без надзор на улица. Во еден момент, животното нападнало жена и нејзината 13-годишна ќерка, при што тие се повредени и претрпеле силен стрес.
По преземените мерки и документирањето на случајот, полицијата поднела соодветна кривична пријава против сопственикот на кучето.