РУСКИ ДРОН ПАДНА ВРЗ СКЛАДИШТЕ ЗА НАФТА ВО ЛЕТОНИЈА Издадено предупредување до граѓаните

Еден од дроновите падна врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави јавниот радиодифузен сервис ЛСМ.

108

Два дрона од Русија влегоа во Летонија и се урнаа, објави утрово летонската армија. Еден од дроновите падна врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави јавниот радиодифузен сервис ЛСМ.

Пожарот што избувна на местото на несреќата бил изгаснат пред пожарникарите да стигнат таму, наведува ЛСМ. Единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби биле исто така испратени на местото на несреќата. Летонските власти издадоа предупредувања за дронови до граѓаните што живеат по границата со Русија и ги замолија да останат во затворен простор.

Сите училишта во Резекне ќе бидат затворени денес, соопштија локалните власти.

На крајот на март, неколку залутани украински дронови ги погодија Летонија и нејзините соседни земји и сојузниците на НАТО, Естонија и Литванија, при што едното удри во оџак од електрана, а другото се урна во замрзнато езеро и експлодираше.

Се верува дека украинските дронови биле лансирани за да погодат воени цели во Русија. Трите балтички земји никогаш не дозволија нивната територија или воздушен простор да се користи за напади со дронови врз Русија, изјавија нивните министри за надворешни работи во април.

Поврзани содржини