КОН МАКЕДОНИЈА СЕ ДВИЖИ САХАРСКА ПРАШИНА Очекувајте заматена атмосфера и нечист дожд

4

Под влијание на Атмосферски фронт кој преку Алпите ќе се спушти до нашиот дел од континентот, веќе од денеска па до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и пообилни на повеќето места ќе бидат утре .

Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Поради јужното воздушно струење од денеска па до крајот на неделава во атмосаферата ќе има значително количество на Сахарска прашина и на песок па и атмосферата повторно ќе ни биде доста заматена и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде помешан со истата, односно дождот овие денови ќе биде валкан.

Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини