ТРАМП ЌЕ ЈА ПОСЕТИ ГРЦИЈА, ЌЕ ДРЖИ ГОВОР НА АКРОПОЛ? Ќе дојдат и Пит Хегсет и Марко Рубио

Нека Трамп се обрати на Акропол. Се надевам дека ќе може, ќе го поканам да го стори тоа. Тој работи толку напорно, работи без престан - рече Гилфојл, амбасадорка на САД во Атина и сопруга на Доналд Трамп помладиот.

245

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Грција ова лето, изјави американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл.

– Сè уште не го знаеме точниот датум, многу работи се случуваат, но тој ќе дојде во Грција – рече таа, како што објави бриселски „Политико“.

Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и американскиот државен секретар Марк Рубио, исто така, ќе ја посетат Атина. Таа изјави дека се очекува Трамп да ѝ се обрати на Грција.

– Секако дека сите би го сакале тоа, нели? Нека Трамп се обрати на Акропол. Се надевам дека ќе може, ќе го поканам да го стори тоа. Тој работи толку напорно, работи без престан – рече Гилфојл.

Кимберли Гилфојл беше во брак со демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, по што се омажи за синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, според „Политико“.

Поврзани содржини