ИНДИЈЦИ И НЕПАЛЦИ ОДГЛЕДУВАЛЕ МАРИХУАНА ВО КАВАДАРЦИ? Ја саделе во саксии
Според истрагата, тие неовластено ја одгледувале и чувале дрогата со намера за понатамошна продажба.
Пет лица – тројца од Непал и двајца од Индија – се пријавени откако во Кавадарци биле фатени како одгледуваат марихуана во стан каде што престојувале.
Акцијата се случила во јуни 2025 година, кога полицијата извршила претрес и пронашла насад од канабис. Според истрагата, тие неовластено ја одгледувале и чувале дрогата со намера за понатамошна продажба.
Сите осомничени имале пријавено престојувалиште во градот.