СО ДРОН Е ПОГОДЕНА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Оштетена е опремата за метеоролошки мониторинг

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, упати нов апел „за максимална воена воздржаност во близина на сите нуклеарни објекти за да се избегнат безбедносни ризици“.

94

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека опремата за метеоролошки мониторинг во нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина е оштетена од дрон.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, упати нов апел „за максимална воена воздржаност во близина на сите нуклеарни објекти за да се избегнат безбедносни ризици“.

Во објавата на  X, МААЕ соопшти дека тим од нејзини експерти ја посетил Лабораторијата за контрола на надворешното зрачење (ERCL) на централата, еден ден откако руското раководство на централата соопшти дека била погодена од дрон.

„Тимот забележал оштетување на дел од опремата за метеоролошки мониторинг на лабораторијата која повеќе не е функционална“, се вели во соопштението на МААЕ, телото за нуклеарна енергија на ОН.

Електраната, која сега не произведува електрична енергија, неколку пати е погодена од беспилотни летала откако започна конфликтот.

Еден од надворешните далноводи на електраната – потребен за ладење на нуклеарното гориво – е во дефект од крајот на март, а МААЕ минатата недела соопшти дека се обидува да посредува за локален прекин на огнот за да се овозможи извршување на поправки.

Електраната Запорожје, најголемата во Европа со шест реактори, беше запленета од руските сили во првите недели од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Оттогаш, секоја страна редовно ја обвинува другата за воени дејствија што би можеле да ја загрозат безбедноста во централата, која се наоѓа во близина на фронтовските линии.

Поврзани содржини